Креативен и вешт татко создаде прекрасна кујна од картонски кутии за ќеркичката, а фотографиите станаа хит на интернет.
Ќерката на Карлос Артуро Бенавидез му побарала скапа играчка кујна пред Нова година, но за жал, тој не можел да ѝ ја купи. Сепак, тоа не значело дека не можел да ѝ ја овозможи. Умешниот татко веднаш се фрлил на работа и од „ништо“ создал прекрасен подарок за неговата принцеза.
„Кога ќерка ти ќе ти побара кујна играчка, а ти немаш пари, но имаш вештини и креативност“ – напиша Карлос на фотографиите од неговиот сладок проект.