Фотографка имаше прилика да го овековечи моментот кога родилка го дознава полот на нејзините три бебиња за време на нивното раѓање.
На фотографиите, Бјанка Ејоно раѓа тројка, проверувајќи дали нејзините бебенца се машки или женски.
„Најдобрата забава за откривање на полот на детето. Кога ќе дознаеш дека имаш две ќерки и еден син во 25 минути“ – напиша таа во описот на фотографиите.
„Атмосферата беше многу возбудлива, бидејќи откривањето на полот беше изненадување сè до последното бебе. Ура! Ми се исполни желбата за две девојчиња и едно момече – Индијана, Дакота и Хендрикс“ – изјавила таа.
Бјанка од тинејџерка била професионална атлетичарка и имала нередовна менструација. Кога одлучиле да имаат дете со сопругот, тие се соочиле со неуспех. Нивното прво синче било зачнато со интраутерина инсеминација.
И во обидите за второ дете требало да интервенира специјалист и Бјанка морала да прима хормони за стимулација на фоликулите. Иако била информирана дека може да има многудетна бременост, таа не очекувала тројка.
Докторите им дале можност на идните родители да го намалат бројот на деца, но Бјанка знаела дека треба да им даде шанса на сите бебиња. Таа ги родила бебињата природно во период од 25 минути.