Почетна » Новости » Занимливости » Како од филм: Сестри ги зближија разведените родители кои повторно се вљубија и стапија во брак

Како од филм: Сестри ги зближија разведените родители кои повторно се вљубија и стапија во брак

Љубовната приказна за разведен пар, кој повторно се вљуби и стапи во брак, стана хит онлајн.

Џули и Скот

За време на пандемијата, Џули Шор одлучила да се изолира со двете ќерки и строго да ги почитува мерките на карантинот за да може да се гледа со својата мајка која имала над 90 години. Но, таткото на девојчињата, Скот, сакал да се гледа со своите ќерки Рејчел и Каролин, а и тие сакале да се гледаат со него, па тој морал исто така да ги почитува строгите мерки на карантинот.

За доброто на Рејчел и Каролин, поранешните партнери започнале сè почесто да комуницираат и да се зближуваат. Нивните односи биле сосема поразлични од оние пред да се разведат во 2014 година. Џули била решена смирено да разговара со Скот за доброто на ќерките.

Кон крајот на 2020 година, двете сестри забележале дека нивните родители уживаат кога се еден покрај друг.

„Тие искрено одлично си поминуваа заедно и тоа не беше шоу кое го приредуваа за мене и за сестра ми. Мислам дека моите родители не забележуваа што се случува до крајот на 2021 година“ – рекла Рејчел.

Џули и Скот

Она што се случило следно е како сценариото од филмот „Parent Trap“ со Линдзи Лохан.

„Знам дека се смеев многу повеќе од порано. Никој не можеше да ме насмее онака како што можеше Скот“ – рекла Џули.

Откако Скот ги загубил двајцата родители во краток период, Џули сфатила дека семејството е најважно од сè и дека четворицата треба да бидат повторно заедно.

На крајот од 2021 година, тие купиле заедничка куќа и се вселиле под ист покрив. Тогаш, нивните ќерки започнале да го убедуваат Скот повторно да ѝ предложи брак. Но, него не му требало убедување, бидејќи тој веќе бил решен да го направи тоа.

Џули и Скот

Во 2022 година, тој повторно ја побарал Џули за жена, а девојките гледале со насмевки на лицето.

Рејчел започнала да снима видеа кои ги објавувала на TikTok, а љубовната приказна на нејзините родители стана хит на популарната социјална мрежа. Илјадници корисници со нетрпение чекале да видат кадри од свадбениот ден кој бил на 28 декември 2023 година.

Џули и Скот Џули и Скот Џули и Скот Џули и Скот Џули и Скот

„Војната заврши. Нашите родители официјално повторно се во брак и ние не сме повеќе деца на разведени родители. Успешна ‘стапица за родители’“ – напишаа тие во видеото од свадбата.

@gachelraede

successful parent trap

♬ WAR IS OVERRR - sarah
@gachelraede

condensing 10+ years of family lore into two minutes…

♬ ROCKIN’ AROUND THE CHRISTMAS TREE - BRENDA LEE

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.