Во кафетеријата „Гардош“ во Белград завладеа празничната магија. Слаткиот локал во населбата Земун се претвори во совршено место за создавање на празнични Instagram фотографии и стана омилено на блогерките.
Сијалички, мечиња, лампиони и подароци, ова кафуле моментално е накитено со прекрасни украси кои го будат празничниот дух и ги внесуваат гостите во безгрижна новогодишна бајка.
Куќарката во која е направена кафетеријата потсетува на архитектурата на Колмар и Стразбур, па поради тоа е многу атрактивна за посетителите.