Запознајте ја Адара Перез Санчез, девојче со коефициент на интелигенција повисок од оној на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
11-годишната Мексиканка, која има аутизам, била исмејувана од децата на училиште и била нарекувана „чудак“ само затоа што била поразлична од нив.
Адара честопати заспивала на часовите, па нејзината учителка ѝ велела на мајка ѝ Нали дека има проблеми со учењето. Но, Нали знаела дека ќерка ѝ е уникатна. Таа самата имала научено алгебра и го знаела периодниот систем на елементите, па претпоставила дека можеби поради тоа ѝ е здодевно на училиште.
Посакувајќи го најдоброто за ќерка си, Нали одлучила да ја испрати Адара на терапија, а по препорака од психијатар, таа била тестирана од институт за талентирани деца. Се покажало дека таа е надарено дете со коефициент на интелигенција (IQ) од 162.
Адара е вистински генијалец. Таа заврши средно училиште на 8-годишна возраст, а сега сонува да биде астронаут и еден ден да работи за НАСА.
„Сакам да одам во вселената. Ако не ти се допаѓа каде си, замисли каде сакаш да бидеш. Себеси се гледам во НАСА и вреди да пробам“ – вели таа.
„Дојдовте во животот за да бидете среќни и за да си ги остварите соништата без разлика на околностите во кои ќе се најдете. Летајте толку високо додека не ги допрете ѕвездите“ – пишува таа на Instagram.
Иако Ајнштајн и Хокинг немаат направено тест за интелигенција, проценето е дека нивното IQ е 160.