Пред почетокот на школската година, мајка на слеп ученик апелира родителите да разговараат со децата за различностите.
„Инклузијата започнува дома“ – е пораката на Хилда Данфорд, која постојано се обидува да создаде поинклузивен свет за нејзиниот син Ештон кој страда од
Хилда летово сними видео во кое Ештон вежба да оди низ ходниците во неговото училиште пред да започне шесто одделение. Со тоа испрати моќна порака до сите родители чии деца наскоро ќе се вратат во школските клупи:
A mother writes a letter to parents before back to school. PLEASE READ & SHARE:
— GoodNewsCorrespondent (@GoodNewsCorres1) August 29, 2023
"Tell them about blind students and other children with disabilities before you send them to middle school this year.”
(:ourblindside IG)pic.twitter.com/BiuzxL2rlk
Отворено писмо до родителите пред син ми, кој е слеп, да ја започне школската година.
Разговарајте со вашите деца за учениците како мојот син кои имаат потреба од бел стап за да се движат низ училниците.
Разговарајте со вашите деца за учениците кои можеби изгледаат или се однесуваат различно од останатите деца во училиштето.
Научете ги да ги вклучуваат децата кои можеби седат сами во мензата или пак не можат да ја пронајдат училницата на првиот училиштен ден.
Научете ги не само да бидат љубезни, туку и да гледаат подалеку од различностите оваа година и да стекнат нов пријател како син ми.
Во описот на видеото, мајката напиша:
Пред да ги испратите на училиште, кажете им за слепите ученици и другите деца со посебни потреби
Ештон започнува шесто одделение в среда... Само сакам да може да си најде добри другари оваа година. Шесто одделение е тешка транзиција и сè што посакувам за него е да се чувствува вклучено и да знае дека припаѓа меѓу неговите врсници и останатите ученици во училиштето.
Ве молам, разговарајте со вашите деца и оваа година кажете им за децата со посебни потреби. Кажете им за мојот син кој цело лето вежбаше одење низ училиштето, подготвувајќи се за првиот ден.
Кажете им да вклучат некој кој е различен и да му дадат шанса да запознае нов пријател. Се надевам дека Ештон ќе се врати дома со насмевка и возбуда по првиот училиштен ден бидејќи стекнал пријател.
Инклузијата започнува дома и родителите треба да разговараат со нивните деца за овие нешта пред да ги испратат на училиште оваа година. Голема разлика ќе има за мојот син ако ги имате овие разговори со вашите деца.
Ештон имал два месеци кога му била поставена дијагноза. Покрај тоа што е слеп, тој има и проблеми со тироидната жлезда, па мора цел живот да прима лекарства.
И покрај предизвиците, неговата мајка е среќна што тој не се откажува од нештата кои ги прават неговите врсници. Тој трча, вози велосипед, скија и е единствениот слеп ученик во неговото училиште.
„Има многу нешта кои Ештон ги има направен во неговиот живот кои не знаев дека може да ги направи. Оваа година започна да посетува часови по пијано и ми рекоа дека е многу надарен. Може да слуша песни од филмови и да ги свири на пијано. Има направено многу неверојатни нешта и ме научи на една од најголемите лекции – да го гледам светот со срцето пред да го видам со очите. Ме научи лекции за посветеност и за надминување на предизвиците кои претходно не ги знаев. Ме научи никогаш да не се откажувам и да не губам надеж.“
„Обожавам да го гледам Ештон како расте и со нетрпение чекам да ги видам сите неверојатни работи кои ќе ги направи во неговиот живот“ – пишува мајката.