Свадбите се низа од скапоцени моменти вредни за паметење, а задача на фотографите е да го овековечат секој миг кој има моќ да растрепери срца и да разбуди бура од емоции.
Најдобрите дела на врвни свадбени фотографи од целиот свет беа внимателно селектирани од 15.000 пријавени фотографии и собрани во уникатна колекција. Победничките фотографии на „Fearless Awards“ ја покажуваат магијата на љубовта во секој нејзин облик и убавината на несекојдневни прослави.