Почетна » Новости » Занимливости » Илустрации како доказ дека луѓето во денешно време подзаборавиле да уживаат во животот

Илустрации како доказ дека луѓето во денешно време подзаборавиле да уживаат во животот

AdMe.ru создадоа илустрации кои покажуваат дека денешните генерации забораваат како да уживаат во животот.

Неодамнешни истражувања покажале дека нивото на среќа кај луѓето постојано опаѓа, а тоа се случувало дури и пред пандемијата со КОВИД-19. „Постојано брзаме да стигнеме некаде, постојано апсорбираме непотребни информации и сè помалку комуницираме со семејството и пријателите. Се чини дека дојде време да застанеме и да размислиме каде трчаме“ – пишуваат од сајтот.

Со слушалки се оградивме од природата, од црцорењето на птиците и шумолењето на лисјата.

Илустрации

Тешко ни е да седиме на едно место. Дали и вашиот одмор се има претворено во трка низ градовите и државите, а по него повторно имате потреба од одмор?

Илустрации

Брзаме од една активност на друга и забораваме да уживаме во малите радости, во кои е скриена среќата. Штета, што тоа им го пренесуваме и на децата.

Илустрации

Минатите генерации сонуваа за една играчка годишно. Денешните деца имаат сè што ќе посакаат, но тоа не им носи радост.

Илустрации

Се сеќавате ли кога се собиравте со целото семејство за да гледате серија?

Илустрации

Ги викавме пријателите од дома за да се дружиме. Сега, имаме телефони, но не се собираме.

Илустрации

За нашите родители, одењето во фото-студио беше возбудлив настан. Денес, нашите телефони се блокирани од фотографии.

Илустрации

Порано, посакуваното писмо го чекавме со месеци. Денес не ни сакаме да ги прочитаме пораките што ни пристигнуваат.

Илустрации

Многумина не се ни сеќаваат на времето кога целото семејство навечер се собираше дома и никој не ги довршуваше заостанатите работни обврски...

Илустрации

...Сега пиењето чај или кафе се сведе на пешачење со чаша в рака во обид да се стигне навреме на некое место.

Илустрации

Денес самоподобрувањето стана сечиј приоритет, па дури и учениците сакаат да бидат успешни и богати. Никој нема време само да чита книга.

Илустрации

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21663 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.