Почетна » Новости » Занимливости » „Извини што не верував дека ќе завршиш факултет“: Ова е мајката која со билборд за синот во Белград го насмеа регионот

„Извини што не верував дека ќе завршиш факултет“: Ова е мајката која со билборд за синот во Белград го насмеа регионот

Интересен билборд во Белград деновиве ги мами погледите на минувачите.

„Му се извинувам на синот Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Ти честитам сине, небото е граница. Мама Дијана“ – стои во пораката.

Билборд

Откако фотографиите од билбордот се распространија на интернет, српски и хрватски медиуми открија која е мајката Дијана која јавно му се извини на синот.

За index.hr, мајката изјавила дека синот студираше 12 години, а таа му ветила дека јавно ќе му се извини штом ја види неговата факултетска диплома.

„Марко студираше 12 години бидејќи паузираше, не му беше дојдено да го заврши факултетот, а јас силно инсистирав да го направи тоа. Му ветив дека јавно ќе му се извинам кога ќе му ја видам дипломата. Сметав дека најдобрата опција за јавно извинување е преку билборд“ – рекла таа.

Дијана и Марко Марко

За реализација на оваа идеја, Дијана добила помош од маркетинг агенција од Загреб, кадешто живее, бидејќи тешко е физичко лице да закупи ваков простор за огласување.

„Марко дипломираше во мај, но јас не можев толку брзо да добијам билборд. Ми испрати фотографија и ми напиша дека дипломирал. Но билбордот тогаш не беше достапен, па го поставија на 12 јуни. По толку студирање не сакав да му испратам цвеќиња и балони, па ова ми изгледаше подобро“ – дополнила Дијана.

„Технички, таа типлома нема ништо важно да промени во неговиот живот, но важно е кога ќе започнеш нешто, тоа и да го завршиш“ – објаснила таа.

Марко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.