Џејн Марчевски е позитивна и ведра и покрај тоа што веќе неколку години води тешка битка со ракот.
Талентираната девојка учествуваше на „America’s Got Talent“ и одушеви со милозвучниот глас.
Џејн доби овации од публиката по завршувањето на својата изведба, а судијата Сајмон Кауел го притисна „златното копче“ и ја испрати директно во настапите во живо.
Покрај со својот прекрасен глас, Џејн ги освои присутните и со позитивниот став. „Важно е сите да знаат дека јас сум многу повеќе од лошите нешта кои ми се случија. Не можеш да чекаш животот да не е толку тежок за да одлучиш да бидеш среќна“ – изјави таа на сцената.