Љубовта е во воздухот во Њујорк... Или барем тоа е така за Филип Чо и неговата сакана Хедер.
Откако светна џиновската новогодишна елка пред центарот „Рокфелер“, Филип знаел како точно сака да ја запроси Хедер. Тој одделил 1.650 долари од својата заштеда за да го изнајми целото лизгалиште пред центарот на ПЕТ минути и да ѝ го постави судбоносното прашање на неговата избраничка со која е заедно шест години.
Заљубениот дечко поканил 27 од нивните најблиски роднини и пријатели да присуствуваат на запросувањето, кое Хедер воопшто не го насетила.
Видео од моментот споделила девојка присутна таму.
„Никогаш не сум била толку среќна за личности кои не ги познавам“ – напиша Ела Долан.
@elladolan Never been so happy for strangers #engagement #rockefellerchristmastree #nyc #christmasengagment #icerink ♬ Enchanted (Taylor's Version) - Taylor Swift
Филип ѝ рекол дека планира да ја одведе на романтичен состанок без да ѝ каже каде ќе одат.
„Задоцнивме поради празничниот сообраќај и се пробивме низ топлата за да стигнеме до лизгалиштето... Сфатив дека одиме да лизгаме на мраз“ – рекла таа.
Откако поминале 40-тина минути, било соопштено дека лизгалиштето мора да се испразни за да се постави нов слој на мраз.
„Сите заминаа, но Фил праша еден вработен дали може да ни направи фотографија. Тој рече дека ќе ни направи неколку. Неколку станаа многу и ние бевме последни на лизгалиштето. Се свртив нервозно кон Фил и му реков дека мора да заминеме“ – раскажала Хедер.
Но, токму во тој момент започнала да свири нивната омилена песна „Enchanted“ од Тејлор Свифт и се појавил голем знак на кој пишувало: „Дали ќе се омажиш за мене?“.
Тогаш Хедер сфатила дека нивните најблиски ги држеле буквите.
„Многу се израдував кога ги видов. Знам дека оставија сè за да бидат тука“ – рекла идната невеста.
„Тој не стигна ни да ми го постави прашањето пред да извикам од дното на мојата дијафрагма ДААААА. Чувствувам како ова да е нешто кое го сонував бидејќи бев премногу изненадена“ – рекла Хедер.