Запознајте го Најл ДиМарко, глувиот натпреварувач кој самоуверено ита кон титулата во шоуто „Dancing With The Stars“. Згодниот модел е меѓу финалистите во популарното американско шоу за танцување.
27-годишниот Американец не дозволува лишеноста од слух да го лиши и од нормалниот начин на живот и постојано ги руши стереотипите кај луѓето. Минатата година, ДеМарко беше прогласен за победник во шоуто на Тајра Бенкс, „America’s Next Top Model“, а сега е главен претендент за првото место во „Dancing With The Stars“.
Најл потекнува од семејство во кое повеќе од 25 членови се глуви, вклучително и неговите родители, двајцата браќа и бабите и дедовците. Тој учел во училиште за глуви лица, а потоа во универзитет за глуви лица во Вашингтон. Натпреварувачот со мускулесто тело тврди дека никогаш немал желба да слуша, затоа што е среќен со својот живот.
„Никогаш не сум посакувал да слушам. Тоа никогаш не постоело во мојот живот. Среќен сум“ – изјавил неодамна ДиМарко. „Бидејќи го знаев мојот идентитет од раѓање, не беше тешко да се чувствувам удобно, самоуверено и независно во свет кој слуша“ – додал тој.
Најл ја користи својата популарност за да ја подигне свеста кај луѓето за глувите лица и ги советува родителите на деца родени без слух да ги учат знаковен јазик дури и ако планираат да им стават кохлеарен имплант.
„Им го подобрувам животот на глувите деца и сум активно вклучен во заедницата на глуви лица. Отсекогаш сум мечтаел за тоа“ – вели Најл.
Во шоуто, партнерка на Најл е професионалната танчарка Пита Мургатројд, која користи знаци за да го води низ танцовите. „Најл излачува светлина и ме тера да верувам дека можам да направам сè“ – вели Пита.
Минатата епизода, Најл имаше тешка задача накратко да танцува со врзани очи. Погледнете го настапот кој нема да ве остави рамнодушни.
Видео
Финалето на 22-та сезона од шоуто „Dancing With The Stars“ ќе биде на 23 мај. Погледнете дел од досегашните настапи на Најл: