Посакувате да дарувате специјална дама во вашиот живот за нејзината сила, за нејзината величественост и нејзиниот придонес за подобро утре и родова рамноправност?
Направете го тоа на Меѓународниот ден на жената (8 Март), кога треба да се присетиме на минатите битки на жените за еднаквост, нивните постигнувања, но и да се залагаме за активирањето на неискористениот потенцијал од страна на идните генерации.
Фантастичниот накит на Rebecca, кој е креиран со идејата да ја величи жената, е идеален начин да ја израдувате вашата сакана мајка, сопруга, сестра, менторка, колешка, пријателка...
Колекција „Piccoli Cuori“
Префинети низи од срциња преку која можете без зборови да ја искажете вашата љубов, вашата почит и вашата посветеност. Недискутабилно ќе добиете екстатично „Благодарам“.





Колекција „Madama“
Безвременски... Прецизните гравури се збогатени со бисери и кристали кои даваат романтична нота на крајниот дизајн. Накитот „Мадама“ претставува култен шарм за совршен урбан изглед наменет за дами кои ја сакаат модата и постојано се во чекор со најновите трендови.






Предложените парчиња накит можете да ги најдете во првиот македонски продажен салон на реномираниот италијански бренд Rebecca во „Рамстор“.