„Мети си со Класнето“ ја чисти Битола од ѓубрето.
Еко иницијативата на Марија Магдалена Петковска Микаровска зема сè поголем замав. Вчера се одржа нова акција на проактивната професорка и вредни ученици која е инспиративен пример за сите.
Под пролетното сонце, тие неколку часа го собираа несовесно расфрланиот смет. Со цел да им дадат признание и да поттикнат и други еко иницијативи, Zaga Production создадоа мотивирачко видео од работната акција.
Видео
Професорката со порака повика на поголема свест и апелира задолжените за чистотата да започнат да си ја вршат својата работа.