Почетна » Новости » Занимливости » За доброто на најмалите: Започна Instagram предизвикот #dabidemekreativnipredizvik
За доброто на најмалите: Започна Instagram предизвикот #dabidemekreativnipredizvik
• Понеделник, 02 Март 2020 14:45
Поттикнувањето на креативноста кај децата е од многу големо значење за нивното понатамошно развивање. Водени од тој факт, како и од желбата најмалите да се оттргнат од екраните и што повеќе време да поминуваат во природа, група мајки и едно стручно лице го започнуваат Instagram предизвикот #dabidemekreativnipredizvik.
#dabidemekreativnipredizvik претставува месечен тематски предизвик, преку кој сакаме да ја поттикнеме креативноста како кај најмалите, така и кај учесниците во овој предизвик. Сметаме дека во секој од нас постои креативното изразување и дека со истото, на најмалите ќе им овозможиме различни и успешни начини на играње и учење.
Секој месечен предизвик ќе се состои од тема и материјали што се зададени од наша страна. Секоја главна тема е поделена во неколку подтеми. Материјалите за изработка се всушност предмети кои сите ние ги имаме во нашиот дом. Темите во предизвиците ќе опфаќаат неколку видови на активности и тоа: едукативни активности во корелација со годишните времиња или празници, наука и експериментирање, уметност и детска литература и секако, активности во природа кои треба да ги подобрат истражувачките способности кај детето.