Почетна » Новости » Занимливости » Жената од Уганда која забремени со ин витро на 70-годишна возраст ги покажа своите близначиња

Жената од Уганда која забремени со ин витро на 70-годишна возраст ги покажа своите близначиња

Жената од Уганда, која на 70-годишна возраст роди близнаци зачнати со вештачко оплодување, ги одведе бебињата дома.

Сафина Намукваја за првпат го покажа ќеркичката и синот кои ги доби благодарение на нејзиниот доктор Едвард Тамале-Сали. Се смета дека таа е најстарата родилка во Африка.

Сафина Намукваја

„Чудо на 70. На 70-годишна возраст, мајчинската љубов на Сафина Намукваја расцути во чудо, гушкајќи ги близнаците покрај докторот Едвард. Нивните раце држат не само бебиња, туку и скапоцени камења надеж, докажувајќи дека мајчинската љубов ги надминува времето и возраста“ – стои во описот на фотографиите.

Сафина Намукваја Сафина Намукваја

Бебињата се родија со царски рез на 29 ноември и се во одлична здравствена состојба. Сафина ја крсти ќеркичката Шакира Бабире, а синчето Като.

„Таа не може да престане да зјапа во нив“ – рекол докторот Едвард за Сафина и додал дека таа е многу грижлива и силна мајка.

„Таа е фит, крвниот притисок ѝ е нормален, не е дијабетичар. Таа е многу здрава жена и цела Африка се радува за неа“ – додал тој.

Сафина Намукваја

Намукваја зачнала со помош на ин витро и донирана јајце-клетка поради нејзината возраст. Многумина ја критикуваа постапката на докторот, велејќи дека тоа што го прави е „неодговорно“. На тоа, тој возврати: „Тоа е нејзино човеково право. Тоа е нејзино тело. Таа е физички фит“.

Сафина Намукваја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.