Трудница се породи на паркингот од McDonald’s во Винконсин сред снежна бура.
Аналисија Бек сакала да го роди синчето во болница, но тоа имало други планови. По патот кон болницата, идната мајка сфатила дека на бебето не му се чека повеќе, бидејќи притисокот станал пресилен и таа чувствувала како да седи на неговата глава.
„Бебето слегуваше многу, многу брзо и моето тело не можеше повеќе да чека за да даде напон“ – објаснила Аналисија.
Таа побарала од сопругот да повика Брза помош и да го паркира автомобилот, се преместила во багажникот и со три напони го родила своето чедо. Болничарите стигнале точно навреме.
Бебето ги поминало сите прегледи и е во одлична здравствена состојба, а изненадената мајка раскажа за случката на Facebook и сподели фотографии.
„Мика Даниел драматично влезе на овој свет во 4 часот и 12 минути утрото на 12 јануари.“
„Додека возевме накај болницата, тој одлучи дека сака накратко да намине во McDonald’s... Не ни сакате да се роди на болница! Мика се роди во нашиот багажник на паркингот од McDonald’s за време на снежна бура“ – напишала мајката.