Жена им дава поприроден изглед на куклите за тие да личат повеќе на девојчињата кои си играат со нив.
Соња Синг наоѓа исфрлени кукли или ги купува во продавници за втора употреба. Нејзин избор најчесто се куклите Bratz, на кои им ја отстранува шминката, а потоа наново им го слика лицето. Куклите на Соња немаат шминка, големи очи и неприродно големи усни и изгледаат многу пореалистично.
Талентираната артистка им ја менува и облеката, а новите алишта најчесто ги плете нејзината мајка.
Во своите почетоци, Соња немала никаква намера да стане вирален хит, но токму тоа се случило. Откако ги објавила своите креации на Tree Change Dolls, веднаш стекнала популарност.
„Не сум производител на кукли и немам намера да бидам, но ако мојата работа влијае на изборот на кукли кои некои од големите компании ги продаваат на пазарот, мислам дека тоа не е нешто лошо“ – вели таа.
Секое девојче ги смета куклите за свои пријателки додека расте и неретко се стреми да биде како нив. Токму затоа, проектот на Соња брзо се распространи меѓу родителите и тие ја опсипаа со нарачки на реалистични кукли.