Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна реклама: Маж објаснува зошто татковството е најдоброто животно искуство кое некој може да го добие

Емотивна реклама: Маж објаснува зошто татковството е најдоброто животно искуство кое некој може да го добие

Новата реклама на Google, која беше прикажана на полувремето на Супер Боул, ќе допре до сите родители.

Во неа, маж се подготвува за интервју за работа и тестирајќи ги своите вештини, се консултира со модел на вештачката интелигенција. Кога ќе биде запрашан од која работа научил најмногу, таткото започнува да ги опишува своите родителски искуства.

Тој објаснува дека кога добил детенце научил за мултитаскинг, како да работи долги часови со мал тим, како да преговара и соработува, да биде организиран и да прима конструктивни критики. А она што го мотивирало најмногу, било тоа што знаел дека луѓето можат да сметаат на него, а и тој на нив.

Во позадина се прикажуваат неговите спомени со ќерката, од бебенце – до девојка која е независна и заминува на факултет.

Реклама Реклама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22674 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.