Џес Дјукс со само една одлука си го промени животот. 33-годишната жена реши да внесе промени во секојдневието кои ја поттикнаа да стане сосема нова личност.
Упорната Американка ослабе 35 килограми со здрава исхрана и напорни тренинзи, а сега се гордее со себе и зрачи со самодоверба.
„Ослабев 35 килограми со чиста исхрана и вежбање. Сега сакам да им помагам на други жени да го постигнат истото – да изгубат тежина, да добијат самодоверба и да ја откријат нивната вредност“ – пишува Џес.
Целата промена Џес ја направила од дома, без воопшто да стапне во фитнес сала или да брои калории.
„Поминав толку години барајќи ја тајната. Ги испробав сите ‘брзи решенија’, но клучот беше во конзистентноста и наоѓањето на животен стил во кој уживам“ – вели Дјукс.
„Нашите мисли ги креираат нашите чувства. Ние преземаме акција базирана на тоа како се чувствуваме, а тие акции создаваат резултати. Па, сега можете да видите дека вашите мисли директно влијаат на резултатите кои ги создавате.“
„Ако постојано си кажувате себеси дека не можете да ослабите, ќе се чувствувате обесхрабрени и веројатно нема да ги добиете посакуваните резултати“ – вели инспиративната мајка на три деца. Џес ги советува своите следбеници да веруваат во себе и да не се откажуваат.
„Резултатите доаѓаат од тоа што го правите секојдневно, а не нешто што го правите еднаш“ – порачува таа.
„Тежев 98 кулограми на 24-годишна возраст. Нагло се здебелив по завршувањето на факултет и не сакав тоа да биде мојата приказна. Не сакав да се разбудам на 40, 50 или 60 години со мисла ‘Боже, требаше да направам нешто, бев премногу мрзлива, имав премногу изговори, бев уморена, зафатена...’ Во тој момент сфатив дека имам можност да ги правам нештата поинаку и да имам различен резултат. И тоа и го направив. “
„Денес ги минувам деновите помагајќи им на други жени да го направат истото што го направив и јас. Бидејќи знам дека една одлука може да ти го промени животот. Не само тежината, буквално може да ти ја промени иднината. Кога ќе започнеш да се покажуваш како личност со самодоверба и личност која се чувствува убаво во сопствената кожа – сè се менува. Врати ти се отвораат за кои не си помислила ни дека постојат“ – објаснува Дјукс.