Се прашувате како изгледа крстарењето на најголемиот крузер на светот?
Во продолжение, виртуелно зачекорете низ „Icon of the Seas“, кој може да им ги исполни и најлудите соништа на авантуристите.
Најголемиот брод за крстарење, кој исплови минатиот месец од Мајами, е изграден од „Royal Caribbean International“, а на него се наоѓа најголемиот воден парк некогаш направен на брод.
Капацитетот на крузерот е 5.610 патници и 2.350 членови на екипажот. Гостите имаат бројни можности за забава, бидејќи бродот поседува шест тобогани кои рушат рекорди, седум базени, бројни опции за детска забава, воден театар, кино, дел за сурфање, ресторани инспирирани од Медитеранот, „зип лајн“ и многу други забавни места.
Бродот „Icon of the Seas“ е долг 365 метри.