Почетна » Новости » Занимливости » „Драга Џенифер, ти благодарам“: Мајка која со години се борела со неплодноста напиша отворено писмо за Џенифер Анистон

„Драга Џенифер, ти благодарам“: Мајка која со години се борела со неплодноста напиша отворено писмо за Џенифер Анистон

Мајка која со години се борела со неплодноста со отворено писмо ѝ се заблагодари на Џенифер Анистон за искреноста, по нејзиното признание дека не може да има деца и дека инвитро оплодувањето не функционирало за неа.

Пред неколку дена, во интервју за Allure, Анистон за првпат се отвори за неплодноста и кај многумина предизвика бура од емоции.

Стејси Скрајсек е меѓу жените трогнати од животната приказна на актерката, па затоа таа решила да ѝ се обрати за да ѝ се заблагодари.

Џенифер Анистон

Драга Џенифер,

Ти благодарам што толку храбро го сподели твоето патување низ неплодноста, нешто што толку се премолчува во нашето општество. Тоа е тема на која многу жени не зборуваат, тема која е длабоко лична, дури и сметана за „табу“. Додека ти му се отвораш на светот за твоите минати битки да имаш дете, јас сум во солзи.

Со години, светот шпекулираше, следејќи го секој твој потег. Таблоидите боцкаа и го споделуваа и најмалиот знак дека може да бидеш бремена. За остатокот од светот, ти имаше сè. Па, природно беше следно да имаш дете. Но, додека насловите дебатираа дали си или не си бремена, ти тивко поминуваше низ емотивниот ролеркостер на инвитро оплодувањето.

Смело изјави за списанието Allure: „Светот создава наративи кои не се точни, па можеби ќе ја кажам вистината. Чувствувам како да излегувам од хибернација. Немам ништо за криење“.

Инвитро оплодувањето понекогаш е последната шанса за забременување. Но, надежта и возбудата за добивање дете е придружена со безброј модринки од инјекции и извлекувања на крв. Инвитрото е и емоционално и физички исцрпувачко. И, за многу жени, таа надеж е проследена со скршено срце кога третманите за оплодување не функционираат.

Драга Џенифер, ти благодарам што си гласот на другите кои тивко страдаат...

За жената која копнее да стане мајка, а чувствува дека срцето ѝ се крши месец по месец со секој негативен тест за бременост. За жената која е полна со фрустрации, а тивкиот плач ѝ ги обзема бессоните ноќи. За жената која чувствува љубомора за секоја објава за бременост на социјалните мрежи. И за жената која, исто како тебе, постојано е анализирана и прашувана зошто нема свое дете.

Една од осум жени искусува неплодност. Но, додека светот околу тебе продолжува да се движи, неплодноста може да направи да се чувствуваш изолирано.

Драга Џенифер, со децении навивав за тебе. Се смеев на твојот комичен талент и пред години копнеев по таа совршена фризура како на Рејчел. Ги читав списанијата кои шпекулираа за твоите врски и се прашував која рутина за нега на кожата прави да изгледаш како да не старееш.

Но, денес те гледам поинаку.

Зад таа искрена насмевка, гледам жена која е многу слична на мене. Никогаш не знаеш низ што минува некој друг. Репродуктивните одлуки се лични, но и покрај тоа озборувањата и гласините за бременост константно ти го ставаат приватниот живот на преден план.

Драга Џенифер, ти благодарам за твојата ранливост. Преку споделувањето на твојата лична борба со неплодноста, ти помагаш да се промени наративот за жените кои чекорат по слична патека. И преку твојот искрен разговор, докажуваш дека животот може да биде убав на другата страна од патувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23172 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.