Студените и снежни денови се вистински кошмар за бездомните животни кои низ улиците очајно трагаат по храна и засолниште.
Скопски активисти поставија 10 слатки куќички низ скопските населби за да им пружат барем малку топлина на кучињата кои немаат каде да спијат.
„Среќна нова скопски стритери. 10 куќички за вдомување на кучињата кои живеат по скопските маала. Куќичките се новогодишен подарок за кучињата и за Скопје од група урбани метнички/герила акции. Во текот на денот куќичките ќе бидат наместени на различни локации во Скопје. Скопје може да биде и убав град“ – напиша Никола Писарев, кој објави и фотографии од куќичките.