Дигиталните слики на Кирил Роландо го истражуваат „емотивниот аспект на луѓето и боите на животот“.
29-годишниот артист, кој по професија е психолог и живее во Франција, забрзано привлекува фанови со имагинативни дела.
„Тим Бартон и Хајао Мијазаки се корените на мојот свет. Го сакам надреализмот, особено работата на Борис Вијан. Ја сакам апсурдноста, креативноста и магичните универзуми, каде боите носат повеќе емоции одошто илјадници насмевки или милион солзи“ – пишува Роландо на својот профил на DeviantArt.
Две од сликите се посветени на неговата новородена ќерка Аурора.