Новогодишните украси во шкотското село Њубург се уникатни и неповторливи. Тие се дизајнирани според цртежи на дечињата кои живеат во него, а фотографиите од нив го обиколуваат светот пред пристигнувањето на празничната сезона.
Во Њубург натпреварот за дизајнирање на новогодишните украси е традиција две децении наназад. Децата од основно училиште прават цртежи кои потоа се претвораат во декоративни светилки од страна на локална компанија.
„Божиќните светилки во нашето село се дизајнирани од локални основци и се најдоброто нешто во празничната сезона“ – напиша Попи Смит на објава која стана вирален хит минатата година.
„Тие се многу познати во нашата област и никогаш не сум видела некој друг да го прави ова. Во нашата заедница е голем момент кога тие ќе се вклучат. Идејата започна пред 20 години кога имавме обични светилки, но тогаш почна натпреварот и секоја година едно од светилките се симнува и се заменува со светилка дизајнирана од едно од децата. Кога ќе добиете ваша светилка, таа останува засекогаш, па имаме тинејџери кои сè уште имаат своја светилка таму“ – објаснила таа.