Вработен во компанијата „Southwest Airline“ покажа како изгледа добрината на дело. Тој даде сè од себе не само за да му ја врати изгубената играчка Баз Лајтер на мало детенце, туку и да го убеди дека Баз навистина бил на мисија пред да се врати дома.
Малиот Хејген патувал со својата бремена мајка, кога ја заборавил омилената играчка во авионот. Двегодишното момче било разочарано, бидејќи премногу го сакало Баз од „Toy Story“, па дури и го имало напишано своето име на чизмата на играчката.
Кога Џејсон ја пронашол играчката, знаел дека некому ужасно му недостига другарчето, па скокнал во акција со среќен крај. Добродушниот вработен го видел името на играчката и го споредил со списокот на патници кои патувале со претходниот лет, успевајќи да ја дознае адресата на момчето.
Но, пред да го испрати дома, тој направил фотографии на кои Баз позира во авионот и низ аеродромот.
Потоа, му напишал писмо на Хејген:
До командантот Хејген:
Многу сум возбуден што ти се враќам по завршувањето на мојата мисија. Имав можност да го истражам аеродромот и пистата во Литл Рок, Арканзас, додека ме немаше. Направив и фотографии од мојата авантура. Научив многу нешта на моето патување, но многу сум благодарен што се враќам кај мојот другар.
До вечноста и назад!
Твојот другар,
Баз Лајтер
„Дефинитивно нема доволно добрина на овој свет. Премногу ни значи што некој оддели толку време од својот ден за да го направи ова за луѓе кои не ги познава“ – рекла мајката Ешли.
Погледнете ја реакцијата на Хејген кога ќе го види Баз: