Искрената прегратка има инстантна моќ и позитивен ефект. Не постои личност која останува рамнодушна на тој топол физички допир со кој се изразува љубов, грижа, внимание и пријателство.
Не штедете ги прегратките и гушнете ги најблиските, бидејќи денес се прославува Светскиот ден на прегратките.

Овој неофицијален празник започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а брзо бил прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.
„Прегратката на мајката трае долго откако ќе престане.“
Непознат автор
„Независно колку цврсто ги гушкате вашите пари, тие никогаш нема да ви возвратат.“
Џексон Браун Џуниор„Велат дека Дизниленд е најсреќното место на светот, но очигледно не се нашле во твојата прегратка.“
Непознат автор
„Прегратката е како бумеранг, ја добиваш назад веднаш.“
Бил Кејн„Кога прегрнуваш дете, секогаш биди последниот кој ќе ги тргне рацете. Никогаш не знаеш колку долга прегратка му е потребна.“
Непознат автор
„Тоа е она што го прават луѓето кои те сакаат. Ги обвиваат рацете околу тебе и те сакаат дури и кога не си баш за сакање.“
Деб Калети„Обожавам да се гушкам. Посакувам да бев октопод за да можам да прегрнам десетмина истовремено.“
Дру Баримор
„Не можеш да ја обвиеш љубовта во кутија, но можеш да обвиеш личност со прегратка.“
Непознат автор„Имам подарок за тебе, но ќе морам да ти ги позајмам рацете како украсна хартија.“
Непознат автор
„Понекогаш тивката прегратка е единственото нешто што треба да го кажете.“
Роберт Браулт„Научив дека постои повеќе моќ во добра силна прегратка отколку во илјадници значајни зборови.“
Ен Худ