Вработени во Црвениот Крст на град Скопје шеста година по ред даваат сè од себе за да им измамат насмевки на малите пациенти на Детската клиника.
Предновогодишно, тие се маскираа во Дедо Мраз, Спајдермен и Бетмен, Медо, како и неколку Дизни принцези и со јажиња се искачија на балконите од собите на дечињата.
„Да подариме насмевка. Заедно можеме повеќе!“ – стои во описот на фотографиите на Facebook.