Почетна » Новости » Занимливости » Девојка ослабе 45 кг и научи да се сака себеси откако доби навредлив коментар за тежината

Девојка ослабе 45 кг и научи да се сака себеси откако доби навредлив коментар за тежината

Девојка си го трансформираше животот и изгледот откако доби навредлив коментар од познаничка.

Кејлин Гили ослабе 45 килограми и научи повторно да се сака себеси. Таа сега споделува фотографии „пред и потоа“ на профилот walkingandcounting, инспирирајќи и други лица да го следат нејзиниот пример.

Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили

Работејќи како келнерка по дипломирањето, Гили започнала да јаде брза храна и нејзината љубов кон вкусните специјалитети постојано се зголемувала. Исто како и нејзините килограми.

Пресвртница во нејзиниот живот била средбата со клиентка по име Сандра, која ја прашала дали прима нови лекарства кои ѝ ја зголемуваат тежината. „Си ја дуплирала тежината за една година и мислев да не е поради некој тип на лекарства“ – ѝ рекла таа на Кејлин која едвај ги задржала солзите.

Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили

Гили сфатила како изгледа во туѓите очи и била решена да се промени. Започнала да гледа YouTube видеа и фотографии од трансформации на Instagram, пронаоѓајќи ја во нив својата мотивација. Полека, полека, составувала план во својата глава како да го достигне посакуваниот изглед решена повторно да биде здрава и среќна.

Нејзината трансформација започнала со пешачење. Кејлин умислено си поставувала цел да пешачи секој ден. Ако не можела да излезе надвор, пешачела на трака за трчање. Во меѓувреме создала своја градина и започнала да работи низ дворот.

Кога станува збор за исхраната, Гили се потпира на правилото CICO (calories in, calories out). Таа постојано се труди да биде во калориски дефицит, т.е. да внесува помалку калории отколку што согорува. Таа тврди дека исхраната која најмногу ѝ одговара е кето диетата, која содржи ниско ниво на јаглехидрати.

Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили

„Самодовербата, среќата, анксиозноста, здравјето, стресот, спиењето, енергијата и многу други нешта ми се подобрија многу повеќе отколку што некогаш можев да замислам. Се гордеам со самата себе и мислам дека не може да се сакам повеќе отколку што се сакам денес. Се чувствувам како нова личност“ – тврди таа.

Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили

На сите кои сакаат да ослабат, Кејлин им порачува:

„Морате да верувате во себеси и да бидете трпеливи, но исто така да бидете ментално силни, да бидете истрајни и да не се откажувате. Никој никогаш не зажалил што имал здрав оброк или некаков тип физичка активност.“

„Морате да се оттргнете од помислата на ‘диета’. Ова не е диета, туку создавање нов живот за себе. Ако нешто мислите дека не можете да го правите цел живот, побарајте друга опција. Поради тоа мојата цел беше да пешачам 30 минути дневно како форма на физичка активност. Ако си речев дека морам да вежбам ‘Х’ дена во теретана, немаше да успеам. Не сакам да одам на фитнес. Клучна е истрајноста. Најдете во што можете да бидете истрајни и формирајте ги тие здрави навики.“

Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили Кејлин Гили

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.