Почетна » Новости » Занимливости » Девојка направи вечерен фустан со црни вреќи за ѓубре, стана хит на интернет

Девојка направи вечерен фустан со црни вреќи за ѓубре, стана хит на интернет

Креативната Амбер Шол постојано мами нови обожаватели на социјалните мрежи со своите туторијали за творби кои чинат малку пари.

Нејзиниот најнов хит е „вечерен“ фустан направен со црни вреќи за ѓубре.

Амбер Шол

За него, таа била инспирирана од коментар во кој пишувало дека таа може да направи и вреќа за ѓубре да изгледа добро. „Ова е смешен DIY предизвик инспириран од вас. Ова сум јас, трудејќи се да направам фустан од вреќа за ѓубре. Евтино, лесно и забавно... совршен туторијал за матура или вечерно излегување...“ – пишува шеговито таа во описот на видеото на YouTube, кое за 3 дена има повеќе од милион прегледувања.

Видео

„Кога некој ќе ве нарече ѓубре, направете фустан од вреќи за ѓубре и докажете му дека е потполно во право“ – пишува таа на Twitter, каде нејзината објава има 39.000 допаѓања и речиси 10.000 споделувања.

Еве фотографии од процесот на создавање на фустанот:

Амбер Шол Амбер Шол Амбер Шол Амбер Шол Амбер Шол Амбер Шол Амбер Шол Амбер Шол

Претходно, Амбер сними туторијал во кој трансформира обичен фустан од 4 долари во впечатлив матурски фустан.

Амбер Шол Амбер Шол

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.