Освен што нè маѓепсува со препознатливиот глас, Адел нè придобива и со својот изглед. Волуменозните фризури и шминката која вклучува прецизно оцртани очи се карактеристични за британската музичка ѕвезда.
Мајкл Ештон е човекот кој веќе 9 години е задолжен за фризурите и шминката на Адел. По покана на славната мејкап артистка Лиса Елдриџ, Мајкл сними туторијал во кој ги открива тајните зад шминката на својата најславна клиентка.