Мајка на три деца ослабе 45 килограми за околу една година откако сфати дека е несреќна во сопственото тело.
Џорџија Малброу отсекогаш имала проблеми со тежината и не се чувствувала удобно во своето тело, но не помислувала дека може да си го трансформира изгледот. Нејзината облека се состоела од широки маици кои ѝ ја криеле фигурата и килограмите.
„Направивме специјална нарачка за мојата униформа како мажоретка, бидејќи носев конфекциски број 10 на 6-годишна возраст“ – рекла таа.
Кога го родила третото дете, Џорџија тежела 104 килограми и носела конфекциски број 18, па ѝ било многу тешко да ги извршува секојдневните активности. Дури и спиењето ѝ претставувало проблем.
„Ако спиев на една страна предолго време, чувствував како колковите да ми се скршени. Грбот ми гореше ако стоев подолго време да мијам садови. Колената ми откажуваа кога ќе клекнев да ги слушам децата како ми раскажуваат приказна. Бев истоштена. Се чувствував како заробеник...“
„Плачев 30 минути пред да се облечам. Тоа не беше навика која сакав да ја носам во моите 30-ти години“ – рекла таа.
Во 2018 година, Џорџија го родила третото дете и стапила во брак со саканиот на свадбена церемонија на плажа. Токму таму си ветила дека ќе го сака со целото свое срце, но дека ќе научи да се сака и себеси. Таа одлучила дека е време за промени и за враќање на контролата врз нејзиното здравје. За 13 месеци, решителната мајка ослабе 45 килограми.
Тајната за нејзиниот успех е во упорноста и во правењето мали, но трајни промени во начинот на живот.
„На почетокот, пешачев по 1,5 километар, носејќи го моето новороденче. Потоа, зголемив на 3 километри“ – рекла таа.
Џорџија започнала да истражува онлајн и открила нови начини за тренирање, а се вљубила во вежбите со тегови со рачка. Денес, таа вежба во фитнес сала 40 минути со тегови и 20 минути кардио тренинг, шест дена во неделата и многу внимава на бројот на калории кои ги внесува. Нејзината тежина е 58 килограми.
„Единствениот начин за вашето тело да ги елиминира телесните масти е да согорува повеќе калории отколку што консумирате“ – вели таа и на сите им порачува да не очекуваат резултати преку ноќ.
„Движете се чекор по чекор. Тоа е сè што треба да направите“ – додава таа.