Почетна » Новости » Занимливости » Грижлив татко создаде инклузивен забавен парк од 51 милион долари воден од љубовта кон ќерката со посебни потреби

Грижлив татко создаде инклузивен забавен парк од 51 милион долари воден од љубовта кон ќерката со посебни потреби

Родителите ќе направат сè за да ги видат нивните деца среќни.

Воден од љубовта кон ќерката со посебни потреби, еден татко создаде инклузивен забавен парк од 51 милион долари.

Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland

Гордон и Меги Хартман биле на одмор со ќерката Морган кога забележале дека додека биле покрај базенот, останатите деца бегале од неа. Морган е родена со аутизам и како последица на тоа има когнитивни способности на 5-годишник.

„Морган е прекрасна девојка. Кога ќе ја запознаете, секогаш ќе добиете насмевка и таа секогаш ќе сака да ви понуди насмевка. Но, многупати не можевме да ја носиме на места каде што одевме“ – рекол таткото.

Таа случка била пресвртница во животот на Гордон, кој посакувал да постои место каде Морган ќе се чувствува комфорно.

„Сфативме дека такво инклузивно место не постои“ – рекол Гордон и решил да ги земе нештата во свои раце.

Во 2005 година, тој го продал неговиот бизнис за градење домови и ја создал Фондацијата на семејството на Гордон Хартман. Две години подоцна, одлучил да започне да го гради првиот инклузивен забавен парк во светот.

„Сакавме забавен парк каде сите ќе можат да прават сè, каде луѓето со или без посебни потреби ќе можат да играат“ – објаснил тој.

Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland

По консултации со стручни лица, Гордон го создал паркот „Morgan’s Wonderland“, кој започнал со работа во април 2010 година, а во кој влезот е слободен за сите лица со посебни потреби.

Инспирацијата зад „Morgan’s Wonderland“ е Морган, која продолжува да се смее и покрај сите потешкотии. Паркот е место за љубов, пријателство и инклузија, а во него се добредојдени сите - стари и млади, здрави и болни, срамежливи и дружељубиви лица.

Вработувањето е исто така инклузивно и една третина од персоналот се лица со хендикеп.

Morgan’s Wonderland

Подоцна паркот бил проширен со воден парк, бидејќи во жешките месеци бројот на посетители значително опаѓал.

„Помалку луѓе доаѓаа во јули, бидејќи инвалидските колички премногу се вжештуваа. Затоа, одлучивме да создадеме воден парк“ – рекол Гордон.

Моторизирани водоотпорни колички се достапни во паркот, а топлата вода се користи за лица со мускулни проблеми.

„Еден човек дојде кај мене и ме фати за рака. Покажа со прст кон неговиот син кој има посебни потреби и започна да плаче. Ми рече дека никогаш претходно немал можност да игра во вода“ – рекол Гордон за влијанието кое го има паркот врз луѓето.

Најголем дел од посетителите немаат посебни потреби, но токму тоа била целта на основачот.

Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland

„Ова им помага на луѓето да разберат дека иако на некој начин сме различни, всушности ние сите сме исти. Видов едно девојче во количка кое отиде кај девојче без посебни потреби и започнаа да си играат заедно. Тоа беше кул“ – вели тој.

Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland

„Кога Морган ќе дојде тука, таа е рок ѕвезда. Многумина сакаат да разговараат или да се фотографираат со неа“ – рекол таткото.

Иако Морган е свесна дека паркот го носи нејзиното име, таа воопшто не знае дека нејзината состојба го поттикна татко ѝ да им помогне на многу личности како неа.

Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland Morgan’s Wonderland

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.