Почетна » Новости » Занимливости » „Ги обожаваме“: Мајка роди втор пар идентични близнаци на само 13 месеци по раѓањето на првиот

„Ги обожаваме“: Мајка роди втор пар идентични близнаци на само 13 месеци по раѓањето на првиот

Бритни и Френки Алба имаат полни раце.

Само 13 месеци откако им посакаа добредојде на нивните близнаци Лука и Леви, тие добија уште еден пар еден пар близнаци, овојпат ќерки. Парот брзо се адаптирал на новото нормално и сега ужива со своите четири деца.

Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба

Синчињата на Бритни имале само шест месеци кога таа открила дека е повторно бремена.

„Отидов кај мојот сопруг и му соопштив дека сум повторно бремена. Си рековме: ‘Само што добивме две деца, можеме да се справиме со уште едно’“.

„Кога бевме на преглед со ултразвук, ни рекоа дека има само едно бебе, но техничарката рече дека ќе провери повторно и набрзо рече дека има две бебиња. Започнавме да се смееме, бидејќи мислевме дека тоа е шега. Но, таа рече дека никогаш не би се шегувала со ова и дека навистина се две“ – раскажува Бритни.

Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба

Уште поголем шок за новите родители било тоа што близнаците делеле иста плацента, ист водењак и плодова вода. Ова е најреткиот тип на близначка бременост, познат како „МоМо близнаци“ и со себе носи ризици. Бебињата споделуваат сé освен папочните врвци и лесно може да дојде до нивно замотување.

За да го намалат ризикот, докторите ѝ препорачале на Бритни да ги помине деновите од 24 до 28 недела во болница и да биде под постојан надзор. Таа се породила во 32-рата недела и ги донесла на овој свет близначките Лидија и Линли.

Бритни и Френки Алба

„Претходно се прашувавме како ќе биде со две бебиња, а сега си велиме: ‘Две бебиња, тоа не е ништо’. Ги обожаваме. Тоа ни стана новото нормално и е одлично“ – рекла среќната мајка.

Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба Бритни и Френки Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.