Војвотката Кетрин во моментов е на соло турнеја во Данска за да ја промовира својата работа во областа на раниот детски развој.
40-годишната припадничка на британското кралско семејство беше во добро расположение за време на посетата на градинка во шума во Копенхаген. Кетрин беше облечена во јакна од Seeland, црни фармерки и чизми од Blundstone.
Таа учествуваше во детски активности на отворено во „Stenurten Forest Kindergarten“, меѓу кои и цепење дрва со помош на чекан и натпревар во трчање држејќи дете за рака.
Кетрин беше во градинката за да научи повеќе за нивниот пристап за подучување на децата како да ја зголемат нивната самосвест, да си ги зајакнат односите со другите и да ја разберат нивната улога во општеството, наместо да се фокусираат на академските вештини како учење бројки и описменување.