Војвотката Кетрин е посветена на поддржување на активности кои го подобруваат животот на малите деца.
37-годишната сопруга на принцот Вилијам го посети кампот Гилвил Парк во лежерна модна комбинација.


Популарната припадничка на британското кралско семејство се дружеше со мали извидници и се вклучи во активности кои ја подобруваат комуникацијата кај децата и ги учат подобро да се справуваат со тимската работа.



Кетрин се запозна со новиот проект кој ги воведува во извидништвото децата на возраст од 4 до 6 години, за да стекнуваат вештини кои ќе им помагаат цел живот. Истражувањата покажуваат дека првите пет години од животот на децата се најважни за развојот, здравјето и среќата.













