Мандатот на Џес Бејли истекува и по 4-годишен престој во Македонија, тој ќе ја напушти нашата земја. По тој повод, од Амбасадата на САД снимија видео во кое американскиот политичар одговара на неполитички прашања.
Додека покажува дел од просториите во кои живееше и работеше, Бејли споделува дека најмногу ќе му недостигаат луѓето, а дека воопшто нема да му недостига загадениот воздух. Тој исто така открива и кои му се најубавите спомени од престојот во Македонија и што најмногу јадел.
Снимката потсетува на серијалот интервјуа „73 прашања“ кои „Вог“ ги прави со славни личности.
Бејли има дипломирано на Универзитетот Јеил, а магистрираше Европска историја на Универзитетот Колумбија. Тој зборува француски, турски и тајландски јазик. Женет е со Кејпи Полк Бејли и заедно имаат еден син.