Почетна » Новости » Занимливости » Вистинско пријателство: Го носеа на грб својот пријател со мускулна атрофија на авантура низ Европа

Вистинско пријателство: Го носеа на грб својот пријател со мускулна атрофија на авантура низ Европа

Вистинските другари се покрај тебе и во добри и во лоши времиња. Тројца посветени мажи му ја исполнија желбата на свој пријател со мускулна атрофија и го одведоа на патување низ Европа, носејќи го на грб.

Пријатели

Кеван Чендлер е роден со спинална мускулна атрофија и поради тоа неговото тело е заслабено, а мускулите едвај можат да ја вршат својата функција. Но, Чендлер е од луѓето кои не се откажуваат од тоа што го сакаат и храбро се борат за остварување на своите соништа.

Кога тој решил дека сака да излезе од конфорната зона (за него количката) и им кажал на своите најблиски пријатели дека сака да ја посети Европа, тие веднаш се сплотиле за да му ја исполнат големата желба. „Мојата количка е дефинитивно местото каде се чувствувам најудобно. Но, сфатив дека понекогаш излегувањето од комфорната зона вреди да се направи“ – вели Кеван.

Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели

Авантурата на верните пријатели низ Европа траела три недели. За време на патувањето, Том, Филип и Бенџамин се менувале и секој од нив во одреден период го носел Кеван на својот грб. Toj тежи речиси 30 килограми, па поради тоа другарите тренирале неколку месеци пред патувањето за да можат да ја издржат тежината.

Кеван ја опишува Европа како континент за кој читал во книгите целиот свој живот. „Тоа е магично место и јас отсекогаш имав желба да одам таму, само не знаев како можам да го остварам тоа“ – вели тој.

Пријатели Пријатели Пријатели

Чендлер планира да напише книга за својата авантура и со тоа се надева дека ќе ги инспирира другите лица со хендикеп да пронајдат начин да ги живеат своите соништа.

„Сметам дека сите ние сме скршени и хендикепирани на некој начин. Едноставно за некои луѓе е помалку забележливо. Не ја разбирам идејата да бидеме ограничени од нашиот инвалидитет. Мојата порака до сите со екстремен хендикеп е: ако има нешто што сакаш да направиш, ќе пронајдеш начин да го направиш“ – вели тој.

Кеван ја издвојува својата поголема сестра Кони како единствена личност која го инспирира. Кони, исто како и Кеван, е родена со спинална мускулна атрофија. Пред да се роди Кеван, докторите им кажале на неговите родители дека доколку имаат второ дете и тоа ќе ја има истата болест. „Докторите им рекоа на моите родители: ако имате уште едно дете и тоа ќе ја има болеста, затоа ве охрабруваме да немате. Мојот татко ја фати мајка ми за рака и им рече на докторите: Ако ми велите дека најлошото нешто што може да се случи е да имаме уште едно дете како Кони, за нас тоа е во ред“ – објаснил Кеван.

Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели

За да го реализираат планот за патувањето, четворицата авантуристи креираа кампања на сајтот „Go Fund Me“ која ја крстија „We Carry Kevan“ што во превод значи „Ние го носиме Кеван“. За четири месеци тие собраа 33.000 долари, а покрај финансиската поддршка, Кеван доби и охрабрувачки и инспиративни пораки од луѓе од целиот свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.