Почетна » Новости » Занимливости » Вистинско пријателство: 3 години го носи на грб својот пријател за да не пропушта часови

Вистинско пријателство: 3 години го носи на грб својот пријател за да не пропушта часови

Приказната за вистинското пријателство помеѓу Се Сју и Џанг Чу ќе ви го згрее срцето.

Се Сју е инспиративен средношколец од Кина кој е заслужен што неговиот пријател веќе три години не пропушта ниту еден училиштен час. 18-годишниот Кинез секојдневно го пренесува на грб Џанг Чу, кој страда од мускулна дистрофија, од неговата студентска соба до училиште и му помага при извршувањето на секојдневните обврски.

Сју го пренесува Џанг од една училница во друга, го носи во кафетеријата за појадок и му помага во перењето на облеката и подготвувањето јадење.

„Приказната за двајцата ученици е многу инспиративна и трогателна. Тие не се роднини, а Сју го прави ова веќе три години. Тој е прекрасен ученик. Тој влијае позитивно и на другите ученици, кои исто така му помагаат на Џанг. Благодарение на нивната помош, Џанг нема пропуштено ниту еден единствен час“ – рекол заменик-директорот на училиштето во коешто учат Сју и Чу.

Двајцата пријатели се меѓу најдобрите ученици во класот.

Се Сју и Џанг Чу Се Сју и Џанг Чу Се Сју и Џанг Чу

Многумина се одушевени од добродушноста на Сју и коментираат дека сите ние треба да учиме од нивното пријателство.

Се Сју и Џанг Чу Се Сју и Џанг Чу Се Сју и Џанг Чу Се Сју и Џанг Чу Се Сју и Џанг Чу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.