Среќната Колин од Канада добила изненадување што ќе го памети до крајот на животот – нејзиниот внимателен партнер Шон испланирал и организирал прекрасна свадба без таа ниту да се посомнева.
Шон цела година ја планирал свадбата, до последен детаљ, за сè да биде совршено. Во текот на таа година, тој од време на време низ муабет ја прашувал што би сакала да има на нејзината свадба, за да може да направи свадба што би ѝ се допаднала. „Таа не знае, но таа ја испланира целата свадба“ – вели Шон во говорот со кој им објаснува на гостите за неговото изненадување.
Во видеото, Колин дознава за својата свадба токму пред таа да се одржи. Погледнете што сè подготвил Шон за Колин.
P.S. Колин пристигнала со убава фризура затоа што ѝ било кажано дека треба да оди на забава за нечие пензионирање.