Кога една личност ќе стане родител, прави големи жртви за семејството, а со тоа му дава пример на детето како треба да се грижи за блиските.
Татко не можеше да ги задржи солзите кога неговиот 24-годишен син му соопшти дека му ја исплатил целата хипотека за куќата.
Во видеото, Џејми Ниланд од Англија му ги подава клучевите од куќата на татко си, со што му кажува дека целиот негов долг кон банката е исплатен и дека сега слободно може да се пензионира.
@jamie.nyland He deserves this..
♬ Home - Edith Whiskers
Во следното видео, објавено на TikTok профилот на Џејми, таткото нему му ги подарува клучевите, објаснувајќи му дека во тестаментот стои дека куќата ќе му припадне нему. „Што е мое е и твое. Ти си најдобриот син на светот“ – му вели таткото.
@jamie.nyland I can’t believe this
♬ Home - Edith Whiskers