Забавите кои Диџеј Бабура Џуниор од балконот ги приреди за своите соседи привлекоа големо внимание. Изминатиот викенд, Јован ја промени локацијата и пушташе музика од кровот на трговски центар во Скопје.
Тој ги вклучи хитовите на Тоше Проески, а скопјани одговорија соодветно и од своите домови направија ѕвездено небо за нашиот ангел.