Филип и Рене ќе ве одушеват со својот танц на метро станица. Талентираните танчари со своите движења пренесуваат бура од емоции, меланхолија и носталгија.
„Секој ќе ви каже дека е тешко да се ослободиш од болката... и навистина е така. Уште од деца ни велат да го прифатиме најдоброто од нашите искуства и да го занемариме најлошото... Но, што се случува кога најубавите спомени од нашето минато нанесуваат најголема штета на нашата иднина?“
„Како да се ослободиме? Како да продолжиме напред? Минатото е затворот од кој се мачам да избегам“ – стои во описот на видео.