„So You Think You Can Dance“ е натпревар за танчари кој веќе 10 сезони ја фасцинира публиката. Спојувањето на талентот на учесниците со интересните кореографии резултира со емотивни мини приказни раскажани преку движења.
„This Woman's Work“ – Мелиса и Аде
Емотивниот танц на кореографот Тајс Диорио е за жена која има рак на дојка и нејзин пријател кој ѝ дава поткрепа за време на тешката битка со болеста.
„Gravity“ – Кејла и Купоно
Моќниот танц ја раскажува борбата на девојка со својата зависност. Инспирација за кореографијата на Миа Мајклс била дрогата.
„Bleeding Love“ – Марк и Челси
Кореографите Табита и Наполеон создадоа силен хип-хоп танц за работохолик и неговата партнерка.
„Fix You“ – Роберт и Алисон
Кореографот Тревис Вол бил инспириран од моментите кога ја охрабрувал и поддржувал својата мајка додека закрепнувала од сериозна операција.
„Calling You“ – Травис и Хајди
Кореографката Миа Мајкс доби Еми награда за танцот познат уште и како „The Bench“, за кој била инспирирана од нејзино блиско пријателство со хомосексуалец.
„Humming Bird and the Flower“ – Џејми и Хок
Кореографот Вејд Робсон се закити со Еми за својот џез танц инспириран од природата.
„Outta Your Mind“ – Алекс и Твич
Публиката се заљуби во динамичното дуо, особено затоа што Алекс се покажа како одличен хип-хоп танчар и покрај тоа што е балетан. Забавната кореографија е дело на Табита и Наполеон.