Секоја љубовна приказна е уникатна, но повеќето врски минуваат низ исти фази – летање на пеперутки во стомакот, вселување под ист покрив, предлог за брак, формирање на семејство...
Прекрасниот танц на брачниот пар Кеон и Мери Мадрид, кој совршено ги доловува тие моменти, ќе ве одушеви. Талентираното дуо танцува на песната „Stuck With Me“.
Кеон и Мери редовно го користат својот талент за да раскажуваат приказни. Тие се и ѕвездите од спотот на Џастин Бибер за песната „Love Yourself (Purpose: The Movement)“.