Мајкл Дамески е талентиран танчар кој го одушевува светот. 18-годишниот Австралиец со македонско потекло ја исправи на нозе публиката на шоуто „So You Think You Can Dance“ Австралија со својот неверојатен соло танц.
Пркосејќи ѝ на гравитацијата, Дамески си обезбеди место во топ 4 и стана главен фаворит за освојување на наградата од 100.000 долари.
Мајкл танцува уште од мали нозе, а стекна светска слава со мјузиклот „Billy Elliot the Musical“ кој го однесе и до Бродвеј.