Меган Маркл напиша поема која ја претвори во детска книга. Сега, во соработка со „Brightly Storytime Together“, таа сними видео во кое ја чита „The Bench“.
„Здраво, јас сум Меган, Војвотката од Сасекс. Ја напишав оваа поема за мојот сопруг и за нашиот син, Арчи, а потоа ја претворив во книга за и вие да можете да уживате во неа“ – вели таа во видеото.
„Нејзината книга ја опишува врската помеѓу татко и син, која постојано еволуира и се проширува и нè потсетува на многуте облици кои таа љубов може да ги придобие и да биде изразена во модерно семејство“ – стои во описот на видеото.