Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Бебе се смее на кинење хартија – нов интернет хит

ВИДЕО: Бебе се смее на кинење хартија – нов интернет хит

Најновиот интернет хит доаѓа од Сент Луис, Мисури. Американецот Маркус Мекартур, кој наскоро треба да докторира на Универзитетот Сент Луис, кандидирал на неколку места за работа како професор. Обидувајќи се да го расположи својот син Мика, таткото започнал да кине едно од писмата во кое ја одбиваат неговата апликација.

Реакцијата на 10-месечниот Мика е бесценета. При секое кинење на писмото, симпатичното бебе ужива и се смее хистерично на големо задоволство на неговиот 33-годишен татко.

Забавното видео се распространило откако познатата актерка Алиса Милано го објавила на Твитер со зборовите: „Ако ова видео не ве насмее, проверете си го пулсот.“

Видеото досега е прегледано над 1,5 милиони пати на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.