Двегодишно девојче родено без раце се сретна со омилената балерина, која е иста како него.
Малата Сара од Бразил постојано паѓала додека проодувала и се фрустрирала кога не можела самостојно да направи нешто. За да ѝ ја зголеми самодовербата и да ѝ покаже дека ништо не е невозможно, нејзиното семејство ја запознало со балерината Виторија Буено.
Виторија е инспиративна девојка која руши бариери и покажува дека со многу труд и посветеност, сè е возможно.
Таа ја научи Сара како да прави самостојно повеќе нешта, но најважното нешто кое ѝ го покажа е дека ниту еден хендикеп не треба да ја спречи да си ги оствари соништата.
Мајката на Сара првпат слушнала за Виторија откако за време на бременоста открила дека нејзината ќерка нема раце.
„Се сеќавам дека штотуку ја открив попреченоста на Сара кога ја запознав Виторија. Таа ме извади од мојот балон и ми покажа реалност што не можев да ја замислам. Таа ми даде надеж. Денес имав можност лично да те запознаам. Ме натера да верувам дека мојата ќерка може сè, исто како што видов дека ти можеш сè. Ти благодарам Вик, ти си дар што се појави во нашите животи“ – напиша мајката.