Рекламата „Embrace Life - always wear your seat belt“ е прогласена за YouTube реклама на годината на доделувањето на Campaign Media наградите.
Видеото во забавена снимка ја потенцира важноста на носењето на сигурносен појас. Креативноста и емоционалниот елемент кои оваа реклама ги има во себе ги освоија срцата на многу луѓе ширум светот, а очигледно и на маркетинг експертите кои беа задолжени за изборот.
„YouTube е духовен дом на Embrace Life уште од нејзиното лансирање во јануари оваа година и им помогна на рекламата и нејзината важна порака да стигнат до луѓето ширум светот. Добивањето на наградата YouTube реклама на годината е прекрасно постигнување за сите вклучени во рекламата“ – изјавил Даниел Кокс, креатор на емотивната реклама.
Како победник, „Embrace Life“ ќе добие реклама на почетната страна на YouTube во вредност од 75 000 фунти, а со тоа пораката од рекламата ќе достигне до милиони луѓе низ светот.